Уметноста е плод на способноста да се изразат најсуптилните нешта во животот.  Талентот е дар и средство на Природата во човекот; да се искаже себеси преку форма, боја, тон, збор... со цел да нѐ запре во мигот на нашето забрзано живеење, да нѐ воведе во тишината на случувањата, да нѐ потсети на убавината на живеењето, да нѐ опомене и научи, да нѐ разбуди во нашето најдлабоко постоење, кое е извор на љубовта, мудроста, добрината, разбирањето...

Во добар дел од раното сликарство на Благоја Николовски, надреалистичкиот пристап е поттикнувач токму на овие нешта во и од длабочините на човекот... Во подоцнежниот период, остануваат рефлексии од надреалното со преод во метафизичко сликарство... Секако, ова се однесува на имагинарните ликови и пејзажи кои сочинуваат голем дел од неговиот творечки опус.

„... Тишината ја дава метафизиката во сликарството. Тишината е метафизичко ехо.“

„... Атмосферата е изградена од распоредот на предметите во делата. Секој елемент во делото си има свое место - ако нешто се отстрани, делото ќе изгуби, ако нешто се додаде, делото ќе се преоптовари.“

„...Тишината и метафизиката одат заедно, било да се одраз на спокојство, или пак одраз на сила и слобода.“

БЛАГОЈА НИКОЛОВСКИ е роден 1944 година во Скопје, Македонија. Во 1965 година завршува на отсекот сликарство во Средното уметничко училиште во Скопје и своето образование го надоградува во ликовната школа (École des Beaux-Arts) во Париз. Живее и работи во Скопје. Негови дела се наоѓаат во Франција, Германија, Австралија, Канада, Турција, Хрватска, Србија, Црна Гора, ...

САМОСТОЈНИ ИЗЛОЖБИ

1973 - Скопје, Центар за култура и информации
1974 - Сараево, Работнички универзитет “Ѓуро Ѓаковиќ”
1978 - Струга, “Струшки вечери на поезијата”
1984 - Скопје, Уметничка галерија
1989 - Скопје, Уметничка галерија
2010 - Скопје, галерија "Art Kitchen"
2012 - Штип, галерија „Безистен“
2012 - Скопје, галерија „Око“

ГРУПНИ ИЗЛОЖБИ

1971 - Скопје, Изложба на предложени членови на ДЛУМ, Изложбен салон на ДЛУМ “Ѓуро Салај”
1971 - Скопје, XXVI годишна изложба на ДЛУМ, Уметничка галерија
1972 - Скопје, Современи македонски уметници - млада генерација II, Музеј на современа уметност
1972 - Романија, Современа македонска уметност, Централен изложбен салон “Јаши Пиатра Неамц”
1973 - Тјентиште, Млади југословенски сликари
1973 - Скопје, XXIX традиционална есенска изложба на ДЛУМ, Уметничка галерија
1974 - Скопје, 30 години ДЛУМ, Уметничка галерија
1975 - Бања Лука, Интернационален есенски салон, Изложбен салон на Домот на културата
1975 - Белград, Денови на скопската култура “Изложба на надреалисти”, Центар за култура
1975 - Њу Делхи, III интернационално триенале на ликовна уметност, Лалит Кала Академија
1976 - Белград, Македонски млади уметници, Музеј на современа уметност
1976 - Загреб, Изложба на македонските уметници (во рамките на Недела на македонската култура во Загреб), Галерија Форум
1977 - Скопје, XXXII традиционална изложба на ДЛУМ, Музеј на современа уметност
1978 - Бања Лука, Современа македонска уметност, Дом на Културата
1978 - Скопје, XXXIII традиционална изложба на ДЛУМ, Музеј на современа уметност
1980 - Задар, Рефлексии на надреализмот во повоеното југословенско сликарство, X Плави салон
1980 - Скопје, XXXV годишна изложба на ДЛУМ, Музеј на современа уметност
1981 - Скопје, XXXVI годишна изложба на ДЛУМ, Уметничка галерија
1982 - Скопје, XXXVII годишна изложба на ДЛУМ, Уметничка галерија
1985 - Галерија над Атлантикот
1986 - Галерија над Атлантикот
1987 - Галерија над Атлантикот
1988 - Тузла, Југословенски портрет
1988 - Скопје, Македонска ликовна уметност  во периодот 1948 - 1988, Уметничка галерија
1988 - Белград, Уметниците на Скопје излагаат во Белград, Дом на ЈНА
1995 - Париз, Франција, Изложба на македонски уметници
1997 - Копенхаген, Данска, Изложба на македонски уметници
2002 - Бон, Германија, Изложба на македонски уметници

НАГРАДИ

1973 - Награда за сликарство на весникот “Млад Борец” од Скопје
1975 - Награда за сликарство “Моша Пијаде” на VII есенски и I интернационален салон во Бања Лука
1975 - Откупна награда од Галеријата на изложбата на Југословенски портрет во Тузла
1984 - Награда на ДЛУМ “Нерешки мајстори” на изложбата на ДЛУМ
2000 - Награда на ДЛУМ “Нерешки мајстори” на изложбата на ДЛУМ

Следете не